Расте бројот на загинати во силното невреме, проследено со неколку торнада во американската сојузна држава Кентаки. Според последните податоци, загинале над 70 луѓе, но се стравува дека бројката ќе се зголеми над сто, бидејќи има затрупани луѓе во една фабрика за свеќи, чиј покрив е урнат. Спасувачите успеале да извлечат 40 луѓе, но со часови не можат да дојдат до другите.
Метеоролошката служба регистрирала налет од 24 торнада кои ги погодија Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури и Тенеси. Точната бројка на повредени се уште не се соопшштува бидејќи во итната помош постојано пристигнуваат луѓе со сериозни повреди и скршеници. Еден од најпогодените градови е Мејфилд, што според локалните власти има најмногу штети, а катастрофата е најголема во историјата на оваа сојузна држава.
