Вести Економија Најважни

Владата ја крие цената со која ЕСМ ќе конкурира на петиот тендер за набавка на ЕВН Хоум во вторник

ЕСМ ќе понуди 100 проценти од потрошувачката на новиот петти теднер по ред кај ЕВН хоум, но останува тајна до вотрник  по која цена.

Иако одлуката за цената за обврзувачките 60 отсто кои ЕСМ мора да ги испорача кон ЕВН владата ја донесе во вторникот нема да се објавуава до завршување на постапката бидејќи според владата тоа е комерцијално чувствителна информација.

  • Тоа што досега е објавено е дека АД ЕСМ по утврдената цена ќе даде понуда за 100% од потребите за електрична енергија на ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи, иако согласно законот ЕСМ има обврска да обезбеди и само 60%, додека Универзалниот снабдувач да го набавува остатокот од 40% на слободниот пазар, каде и АД ЕСМ би ја понудил таа енергија, но тогаш по пазарна цена, наместо сегашната која е препорачана и утврдена со владина одлука, велат од ЕСМ

48 часа до истекот на петиот во низа повик ЕВН хоум да набави струја за домаќинствата променети се и условите од 12 месеци на 6 месеци обврска за снабдување со што е отстрена и претходна пречка да се реализира тендерот.

  • Нема стандарна постапка дали ќе биде 6  или 12 месеци но подобро е периодот на планирање да е подолг заради сигурност за снабдување на корисниците. Но, ЕВН го прилагоди петиот повик на 6 ммесеци а после 6 месеци очекува одново да се јави ЕСМ. ЕВН ќе направи се до последен момент за да добие електрична енергија од ЕСМ бидејќи таа е по најприфтлива цена на пазарот а дополнително и ЕСМ има обврска да ја продаде на ЕВН хоум,“ се наведува во одговорот на ЕВН Хоум

Но заради последните најави од ЕСМ сега во игра  за останатите 40 отсто од потребите на ЕВН ќе се пуштат и 18 други регистрани фирми- понудувачи.

Цената за мегават час која ЕСМ ќе ја понуди е заклучена уште во вторникот на затворена владина седница и најверојатно ќе биде за 10 отсто повисока од досегашните 36 евра за мегават, а неофицијално е дека и останатите компании ќе прикажат повисоки трошоци заради што финалнато поскапување кон граѓаните ќе биде најмалку 10 проценти во сметките за струја.

Ваквите најави регулаторната комисија за енергетика ги брани со денешото изветување дека сеуште ниту една од енергетските компании нема доставено барање за корекција на цената.

Штом барањата ќе пристигнат, ќе ја информираме јавноста за тоа која компанија колкави зголемени трошоци има пријавено по што ќе се влезе во детална анализа и ќе се донесе конечна одлука, се наведува во нивниот одгвор.

“Регулаторна при носење на одлуките секогаш се води  од интересот на потрошувачите и нивна заштита и во оваа кризна енергетска состојба ги разгледуваме сите мехамизми кои се на располагање, меѓу кои и времено замрзнување на профитите. Станува збор за принцип на солидарност.Мора да се сподели тежината на кризната состојба,“ се наведува во одговорот на РКЕ

ЕЛЕМ и ЕСМ и претходно укажуваа дека без 60 евра за мегават час не можат да ги покријат трошоците за производство.

Пазарната цена односно берзанската понуда периодов достигнува над 300 евра за мегават, цена која државните и приватние компании за снабдување можат да ја увезат и понудат на ЕВН Хоум за потребите на домаќинствата и компаниите.

Но, за да може ЕСМ да понуди, владата преку ЕЛЕМ се обврза дека ќе произведе поголемо количество електрична енергија. Ваквите најави раковдството ги поткрепува со синоќешната достава на мазут за ТЕЦ Неготино каде што на лице место се проверуваше мазутот.

Термоелектраната треба да почне со производтсвото наредната недела, а неговиот капацитет е 180 мегавати на час.

Павле Беловски

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе