Вести Свет Топ вести

Известувач на ОН: Пресудата на Асанж е „политички мотивирана“

Специјалниот известувач на ОН за спречување тортура, Нилс Мелцер остро ја критикуваше пресудата во Лондон за случајот против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

– Ова е неуспех на британското правосудство. Можете да мислите што сакате за Асанж, но неговата состојба не е таква да биде екстрадиран, изјави Мелцер за ДПА, мислејќи на „политички мотивирана пресуда“.

САД добија жалба до Високиот суд во Лондон со која се бара поништување на судската одлука, според која Асанж не може да биде екстрадиран од Велика Британија поради здравствени причини.

Асанж (50) се бара во САД под обвинение за наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана, откако Викиликс објави стотици илјади документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

– Сакаат да направат пример од него. Нивната намера е да ги спречат другите да објавуваат тајни владини документи како Асанж, додаде Мелцер.

Известувачот на ОН ја критикуваше „Западната безбедносна коалиција“.

– Никој од нив не сака да го види Асанж на слобода бидејќи сакаат да го заштити моделот на тајност, рече Мелцер.

Тој последен пат лично го видел Асанж во мај 2019 година во затвор во Лондон. Сепак, специјалниот известувач на ОН е во контакт со луѓе од блиското опкружување на Асанж.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе