Економија Топ вести

За власта буџетот развоен, за опозицијата новогодишна бајка

За мнозинството, буџетот за идната година е развоен, предвидува кратење на несуштинските трошоци и сузбивање на сивата економија со поефикасна наплата на даноците. За опозицијата, новогодишна бајка без никаква врска со реалноста. Забележуваат дека, буџетот е гломазен и нереален.

Приходите се намалени за 2, 4 проценти или 6 милијарди денари помалку од годинава, која беше кризна година, што според нив, значи дека ќе се трошат пари што ги нема. Се предвидува половина од приходот да биде од ДДВ, а тој од казни да се зголеми за 9,5 проценти. Не веруваат ниту во реализација на планираните проекти.

Забелешките на буџетот се и дека, речиси и да нема предвидено пари за изградба на нови училишта и градинки, но од владејачкото мнозинство тврдат дека тоа има оправданост.

Прифатени се 23 амандмани, од кои 12 на опозицијата. Владејачкото мнозинство ги зголеми парите за Македонската радио телевизија, за Уставниот суд, за избор на нови уставни судии, за набавка на возило во финансиската полиција, а повеќе пари ќе има и за земјоделството.

Министерот Бесими, во своето експозе рече дека, капиталните инвестиции се на историски највисоко ниво и ќе генерираат економски раст во време на криза.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе