Најмалку 54 лица загинаа, а десетици други се повредени откако камион со кој се превезувале мигранти се превртел во државата Чиапас, во јужниот дел на Мексико. Во приколката имало над сто мигранти кои кога се случила трагичната несреќа. Бројот на жртвите се зголеми од првичните податоци, а заради тежината на повредите на дел од патниците, властите стравуваат дека не е конечен.
Сликите од местото на несреќата покажуваат жртви расфрлани низ патот покрај превртениот камион. Безживотните тела на луѓето биле наредени и покриени со бели чаршави.
Ова е една од најтешките несреќи од ваков вид во Мексико, со над 50 повредени, од кои некои потешко.
Меѓу жртвите има мажи, жени и деца. Нивната националност не е потврдена, но локалните власти соопштија дека повеќето од луѓето во авионот биле од Хондурас и Гватемала.
Камионот наводно возел со голема брзина кога се превртел на остра кривина и удрил во пешачки мост на главниот пат што води до главниот град на државата Чиапас, која граничи со Гватамала и претставува главна транзитна точка за мигрантите без документи. За денешната несреќа, преживеаните сведочат дека камионот бил преполн и не можел да ја одржи рамнотежата на острата кривина.
Американско-мексиканската граница е меѓу најсмртоносните и најопасни премини во светот според податоците од Меѓународната Организација за Миграција.
Само оваа година над 700-тини луѓе починале во обид да ја преминат границата.
Сепак, сиромаштијата, насилството и беззаконието во земјите од централна Америка ги присилува очајните луѓе да појдат по оваа смртоносна патека, во обид да влезат во Соединетите американски држави .
Никола Илиевски
