Вести Свет

Седумдесет отсто од Бугарите сметаат дека приоритет е решавање на односите меѓу Скопје и Софија

Над 70% од Бугарите сметаат дека приоритет е решавање на односите меѓу Скопје и Софија, а не патот на Македонија кон Европската унија. Ова го покажува анкетата на Галуп интернешнл што денеска ја обијавија бугарските медиуми.

Само 7,5 % од анкетираните Бугари сметаат дека приоритет треба да биде евро-интеграцијата на Македонија.  Анкетата покажува дека посклони да се игнорираат проблемите со Македонија се помладите и луѓето со ниско образование, но нивниот број не надминува десетина.

Најцврста позиција имаат Матурантите, граѓани над 45 години и ѓителите на Софија. Во главниот град, каде се концентрирани групи со повисоки примања и повисоко образование, приоритет на интеграцијата на Македонија во ЕУ даваат само 2% од анкетираните, за разлика од 80% кои сметаат дека прво треба да се реши проблемот со Македонија, а потоа земјата да стане членка на Унијата.

Интересно е тоа што постои едногласност кај избирачкото тело по прашањето за Македонија. Повеќе од 80% од приврзаниците на Продолжуваме со промената и ГЕРБ сметаат дека приоритет треба да се даде на решавање на односите, а потоа доаѓа патот на Македонија кон ЕУ.

Анкетата на Галуп Интернешнл е спроведена лице в лице со таблети,  на 803 испитаници, во периодот од 25 ноември до 3 декември

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе