Вести Ковид19 Свет

Грција ги зголеми рестриктивните мерки за ковид – истите важат и за туристите

Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, што стапува во сила од понеделник и намалување на три од шест месеци на потврдата за прележан Ковид-19 од февруари следната година, се двете нови мерки во Грција, а важат и за посетителите и туристите во земјата, потврди портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому.

Со оглед на тоа дека пракса во Грција е сите мерки да важат за сите, без разлика дали се грчки државјани или туристи, истото ќе важи и сега, а според тоа и за македонските државјани за време на нивниот престој кај јужниот сосед.

– Промените се однесуваат на сите кои се наоѓаат на грчка територија и за двете мерки. Во однос на навршувањето седум месеци за сограѓаните кои се над 60 годишна возраст и немаат примено бустер доза, без разлика дали се грчки граѓани или граѓани на други земји кои во нашата земја се наоѓаат од други причини, важи токму истото, нема да ги имаат привилегиите на вакцинираните. Во однос на потврдата за прележан Ковид-19, од 31 јануари, односно по 1 февруари, им даваме еден неопходен временски период за да се прилагодат и да имаат можност да се вакцинираат, ќе важат токму истите правила и за Грците и за граѓаните на други земји, објасни Иконому.

Последната министерската одлука со предусловите за влез во земјата, која предвидува задолжителен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/рапид тест или потврда за прележан Ковид-19 во изминатите шест месеци, која воедно важи и за македонските државјани,  беше објавена минатиот петок и  во сила е до утре наутро.

Од понеделник, лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, според Иконому, „нема да ги имаат привилегиите што ги имаат вакцинираните“ и за нив ќе важат „истите рестрикции како и за невакцинираните“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јавниот долг над 10 милијарди евра, годинава ќе ја пробие црвената линија

Дејан Дејан

(Видео) Украински дронови го нападнаа регионот околу Санкт Петербург – напад што Русија го опиша како „без преседан“

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе