Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата и да работат од 9 до 17 часот, а повеќе од половината анкетирани велат дека се попродуктивни додека работат од дома.
Според анкетата и „хибридната работа“, што е микс од работа од дома и од канцеларија, исто така, има свои недостатоци, а повеќе од една четвртина од испитаниците веруваат дека работат постојано или работат до доцна во ноќта.
Истражувањето опфатило 14.000 лица ширум Европа и покажа дека 83 отсто од вработените бараат поголема поддршка од работодавачот за постигнување рамнотежа меѓу работата и животот.
Според Евростат, во 2020 година, околу 12 отсто од вработените во Европската унија работеле од дома, во споредба со пет отсто пред пандемијата.
Две третини од Европејците изјавиле дека направиле или планираат да направат прилагодувања во домот за да го олеснат хибридниот живот, така што решиле да си направат домашни канцеларии, додека 41 процент од нив одлучиле да се преселат.
