Јајцата, оризот, и тестенините, би можеле да бидат ставени на проширената листа производи чии цени ќе бидат замрзнати до 31 јануари 2022 година.
Дали Владата ќе ги додаде овие производи на оние кои веќе се „под мраз“, ќе зависи од податоците на Заводот за статистика во делот на движењето на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември.
Замрзнувањето на цените е краткорочна и повеќе психолошка мерка која нема да има позначително влијание во ублажување на ценовниот шок, напротив, животниот стандард ќе се намалува со забрзано темпо, рече во Утринската програма на Телма универзитетскиот професор Зоран Ивановски.
Тој смета дека креаторите на економската политика во консулатација со бизнис секторот и со академската фела треба итно да подготват повеќе можни сценарија за стабилизација на кризата и за вистинска помош на реалниот сектор.