Тензиите меѓу САД и Кина ескалираа пред Олимписките игри. Администрацијата на Пекинг се закани дека „САД ќе ја платат цената за својата грешка“ поради одлуката за бојкот на Олимписките игри.
Одлуката на САД да ги бојкотираат Зимските олимписки и параолимписки игри во Пекинг во 2022 година имаше силни реперкусии во Кина.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан рече дека Олимпијадата „не е сцена за политички демонстрации и политички манипулации“, велејќи дека „САД ќе платат за своите погрешни постапки. Продолжете да гледате“ – изјави тој.
Портпаролот Лиџијан истакна дека САД се обидуваат да им наштетат на Олимписките игри и со тоа го нарушуваат сопствениот кредибилитет.
Белата куќа најави дека ќе спроведе дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг поради кршење на човековите права.
„Поради злосторствата на Кина против човештвото и други кршења на човековите права извршени во Ксинџијанг, нема да испратиме дипломатски или официјални делегации на Зимските олимписки и параолимписки игри во Пекинг во 2022 година“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
