Вести Свет

Блинкен разговараше со украинскиот претседател Зеленски

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на телефонскиот разговор меѓу претседателот Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека САД остануваат посветени на политиката на отворени врати на НАТО и оти Алијансата треба да остане отворена за кандидатите веднаш штом тие ќе бидат подготвени.

Украина, поранешна советска република, се обидува да се приклучи на Европската унија и НАТО.

– Се договоривме за заедничка и координирана акција. Благодарни сме на американските стратешки партнери за нивната континуирана поддршка на нашиот суверенитет и територијален интегритет. Ништо за Украина без Украина, напиша Зеленски на Твитер.

Украина вчера ја одбележува 30-годишнината од основањето на независна армија, откако во 1991 година прогласи независност од поранешниот Советски Сојуз.

Украина ја обвини Русија дека распоредила десетици илјади војници долж границата како подготовка за можна воена офанзива со големи размери.

Русија ги отфрла обвинувањата за можен напад врз Украина како лажни, но му порача на Западот да не ја преминува „црвената линија“ и да го запре ширењето на НАТО кон исток.

На онлајн средбата меѓу Бајден и Путин најавена за денеска, се очекува американскиот претседател да ја предупреди Русија за сериозните економски последици доколку Русија изврши инвазија на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе