Економија Топ вести

ЕСМ ја пресмета новата цена на струјата, но не открива каква ќе биде

Државните електрани ја пресметаа цената за електричната енергија, но засега не откриваат дали ќе има поскапување и колкаво ќе биде. Се очекува уште утре Владата на седница да донесе одлука и до четврток да достави понуда до ЕВН.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека се прават напори да се зголеми домашното производство на струја, и наместо законскиот минимум од 60 проценти, дДржавните елктрани да ја обезбедат целата потребна количина за домаќинствата, со што во функција до крајот на годината ќе бидат сите капацитети, освен хидропотенцијалот.

Ги направивме сите подготовки за 2022 година и оттука произлегува табела на цени кои ги доставивме до Владата. Очекуваме во наредните денови, а можеби и веќе утре на затворена седница владата да донесе таква одлука, да препорача цена и веќе до 9 декември додека трае отворениот повик на ЕВН Хоум, ние да доставиме официјална понуда и да почнеме  подготовки за реализација на планот, рече Ковачевски.

Владата ги очекува податоците од Заводот за статистика за движење на цените во текот на ноември и доколку се утврди дека некои артикли  драстично поскапеа, тогаш листата на прехранбени производи со замрзнати цени ќе се прошири, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Уште од утре ќе донесеме одлука за проширување на одлуката со дополнителни производи. Најверојатно тоа би биле оризот и јајцата како производи кои повеќе се користат од домаќинствата и е неопходно во наредните два месеца да нема зголемување на цените. Многу е важно да се наведе фактот дека одлуките не важат за денешните цени, туку важат за цените кои биле формирани од трговците на 1 декември и ќе важат до 31 јануари, вели Бектеши.

Владата пред два дена ги замрзна цените на основните прехрамбени производи на ниво на кое беа на 1 декември и одлуката ќе биде на сила до 31 јануари. Сега се очекува да биде проширана листата на која првично се најдоа лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, месото и млекото.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе