Вести Македонија

Екс министерот Зоран Ставревски се врати со функција во белата палата

Поранешниот министер за финансии и поранешен вицепремиер за економски прашања во владите на Никола Груевски се враќа на партиската сцена како дел од работно тело на ВМРО-ДПМНЕ за следење на реализацијата на проектите што беа ветени во кампањата за локалните избори.

Во ова работно тело ќе членува и поранешниот амбасадор во Кина и Италија Оливер Шамбевски, а телото ќе го раководи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Партијата соопшти дека во рамките на програмата за локалните избори се наведени проекти кои треба да се реализираат за што ќе се грижи трочленото тело-Мицкоски, Ставрески и Шамбовски.

-Во програмите “Гарантираме” се опфатени точно 14 835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат 2 000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела, стои во објавата на партијата на официјалниот профил на Фејсбук.

Ставрески беше дел од владиниот естаблишмент од 2006-та до 2015-та година кога даде оставка. Прво беше вицепремиер за економски прашања, но по заминувањето на Трајко Славески од функцијата министер за финансии, беше избран и на таа позиција.

Во таканаречените бомби од прислушуваните разговори во УБК, објавени од опозицијата, беше објавен и разговор меѓу Ставревски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во кој, чуварот на касата тврди дека долгот се зголемува и буџетот не може да се затвори поради многу желби меѓу кои и Скопје 2014-та.

-Ние сме лудаци. Ова што го правиме е ненормално. Ние трошиме на чоколада а немаме леб дома, тоа праиме ние, рече во тие разговори Ставрески.

Во време на СЈО, Ставрески беше опфатен со повеќе истраги, но главно како сведок и не заврши како осомничен.

Има и меѓународно искуство бидејќи бил ангажиран во глобалните финансиски институции.

Оставката во јуни 2016-та ја поднесе поради здравствени причини, а Ставрески остана во владата  подолго од поранешниот премиер Никола Груевски (си поднесе оставка во јануари 2016-та г.) Тогаш Ставрески се повлече и од јавниот живот и од партиско-политичката сцена каде се враќа во седиштето на матичната партија изградена во време на неговиот министерски мандат.

На фотографиите од состанокот на ВМРО-ДПМНЕ се гледаат градоначалниците кои биле присутни, како и двајцата повратници во партиските тела Ставрески и Шамбевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе