Вести Ковид19 Свет

Во Португалија ќе биде отворен најголемиот центар за вакцинација против Ковид-19

Во Португалија денеска ќе биде отворен најголемиот центар за вакцинација поради бранот нови случаи на инфекција со коронавирусот.

Португалија каде се вакцинирани 87 отсто од населението регистрира нагло зголемување на дневниот број на заразени со вирусот во изминатиот месец. Новиот центар за вакцинација ќе има капацитет да вакцинира шест илјади луѓе дневно, а по потреба и девет илјади.

„Овој центар за вакцинација ќе биде единствен во земјата“, изјави висок градски функционер во Лисабон.

Португалските здравствени власти даваат засилени дози вакцини против Ковид на луѓето над 65 години и на ранливите групи. За борба против најновиот бран на Ковид-19, португалската влада повторно го воведе задолжителното носење маски на јавни места во затворени простории и препорача вработените да работат од далечина секогаш кога е можно.

Дополнително, сите патници кои се враќаат со авион во Португалија треба да имаат негативен тест за ковид без разлика дали се вакцинирани или не.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Маѓар најави истрага за заемот од 1 милијарда евра од „Ексимбанка“ за Македонија

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе