Вести Економија

„Макпетрол“ со добивка од речиси 20 милиони евра во првите три квартали од годината

Акционерското друштво „Макпетрол“ од Скопје во периодот од први јануари до 30 септември 2021 година оствари добивка по оданочување од 1.227,6 милиони денари, односно речиси 20 милиони евра. Ова претставува неколкукратно зголемување споредено со истиот период лани, кога профитот беше 231,2 милиони денари или околу четири милиони евра.
Зголемувањето на добивката во најголем дел е резултат на продажбата на акцијата во ГА-МА АД која се реализира на 25 август годинава преку „Македонската берза на хартии од вредност“. Со средсвата од продажбата значително се подобри солвентноста на компанијата и се обезбеди значителен фонд за нови инвестиции.
 – „Макпетрол“ оствари извонредно позитивен резултат што покажува дека Друштвото е во одлична состојба со очекувања истата и во следниот период да биде подобрена. Покрај добивката од продажбата на акцијата во ГА-МА, Друштвото оствари добивка од 8 милиони евра од своето редовно работење во првите три квартали од 2021-ва година, која е скоро дуплирана во споредба со 2020-та година. Резултатите јасно покажуваат дека Друштвото успешно ја задржува својата лидерска позиција на пазарот и работи рентабилно во услови на пандемија, со тенденција на достигнување на пред-пандемските нивоа. „Макпетрол“ и во иднина ќе работи на остварување на својата долгорочна развојна стратегија со што ќе придонесе во зајакнувањето на домашната економија – истакнуваат од компанијата.
Во текот на првите три квартали од 2021-ва година „Макпетрол“ го продолжи силниот инвестициски циклус и вложи преку 210 милиони денари или 3,4 милиони евра, како во реконструкција така и во изградба на нови малопродажни и големопродажни објекти.
Како општествено одговорна компанија, „Макпетрол“ во текот на 2021-ва година продолжи да ги подржува иницијативите кои ја зајакнуваат заедницата преку донации. Како најзначајни може да се издвојат донираните 1.000 таблети во вредност од 6 милиони денари за учениците во основните школи ширум државата, како и 1,5 милиони денари во гориво за екипите кои пожртвувано ги гаснеа пожарите во летниот период.
Континуираниот успех на компанијата и задржувањето на лидерската позиција децении наназад е резултат на посветеноста на вработените, кои се основната сила на „Макпетрол“. Компанијата постојано инвестира во развојот на своите вработени, како и во обезбедувањето на безбедни и здрави услови за работа.
За своите заложби и инвестиции во здравјето и безбедноста на вработените, компанијата во 2021-ва година доби и две награди во рамки на повикот „Добри практики во областа на БЗР во 2020 година“.
Дополнително во јули 2021-ва година, со одлука на Управниот Одбор, компанијата исплати регрес за годишен одмор во нето висина од 30.000 денари, што е повисоко и од просечната исплатена нето плата во државата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Тетовскиот суд ги прогласи директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за пожарот во модуларната болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе