Економија Топ вести

Разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

Досегашниот директор на РЕК Битола,  Златко Ќурчиевски, е разрешен од функцијата, а на негово место, но како вршител на должност, е назначен Пеце Матевски, кој доаѓа од позицијата директор на Термоелектрани во најголемиот капцитет за производство на струја во државата. Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за кадросвски промени и во РЕК Осломеј, каде е разрешен директорот Златко Пиперкоски и на негово место за ВД директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза, соопштија од Државните електрани.

Директорската смена во РЕК Битола доаѓа во исклучително сложена состојба и енергетска криза, кога комбинатот се соочува со недостиг на јаглен, а во изминатиот период имаше и неколку хаварии и дефекти. На почеток на ноември имаше и пожар на трансформаторот на третиот блок, кога РЕК Битола целосно запре со производство на струја.

Вчера од државните електрани соопштија дека е интензивиран ископот на јаглен и во моментот на депонија има 200 илјади тони, за да се осигура призводство на електрична енергија во зимската сезона. Од распишаниот тендер за набавка на јаглен ќе биде потпишан договор за 90 илјади тони со компанија од Албанија, а за набавка на останатите количини за потрбите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, ќе биде распишан отворен повик кој ќе трае во текот на грејната сезона.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе