Вести Свет

Мицотакис и грчкото МНР со сочувство за автобуската несреќа

Преку официјалните „Твитер“ профили грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Министерството за надворешни работи на Грција изразија сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Апсолутно сум шокиран од страшната несреќа и загубата на животи во Бугарија рано утринава, особено на мали деца. Нашите молитви се упатени до семејствата на оние кои ги загубија животите. Брзо закрепнување на повредените, напиша Мицотакис на Твитер.

Од грчкото МНР изразија длабока жалост за „трагичната вест за автобуската несреќа во Бугарија“, сочувство за загинатите и солидарност до Владата и народот на Северна Македонија.

-Изразуваме искрено сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските и нашата солидарност со народот и Владата на Северна Македонија кои жалат за нивните сограѓани, напишаа од грчкото МНР.

Трагедијата со македонскиот автобус од рано утрово е меѓу главните теми во грчките медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот го ослободи Никола Груевски за „Талир 2“ и го одби барањето на Обвинителството за конфискација на партискиот имот

Sonja Petrusevska

На градилиштето каде загина работник немало заштитни мрежи – објектот на Пречистителната станица доби забрана за работа

Дејан Дејан

(Фотогалерија)ЕУ донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе