Наставничка е приведена од полицијата во Славонски Брод во Хрватска откако во оваа држава почна да се применува задолжителен сертификат за вработените во јавната администрација, здравство и во образованието.
Инцидентот се случил во основно училиште во местото Гарчин во близина на Славонски Брод, ана објавеното видео на веб медиумите од Славонија се гледа како полицајците ја приведуваат жената која пружа отпор додека одоколу повеќе жени викаат „пуштете ја“.
Таа во еден момент го фрла телефонот кон луѓето што го следат инцидентот и им бара да ја снимаат како ја апсат.
Полицијата соопшти дека првиот дел од видеото не е објавен во кој таа не сака да се одалечи од школските врати каде поради неа не може да влезат ученици во училиштето. Локалната полиција соопшти дека е земен исказ и продолжува постапката бидејќи цело време приведената ги снимала и ги навредувала полицајците.
Директорката на училиштето пак соопшти дека по новите мерки сите вработени треба да приложат тест за прележаност, негативен корона тест или сертификат за вакцинација, но наставничката која предавала ликовно образование не сакала и и викала дека нема што да и бара. Потоа се обидела да влезе во училиштето преку задната врата, но директорката била побрза и таму исто така и барала еден од трите потребни документи.
Данијела Ериќ, директорката на ОУ „Вјекослав Клаиќ“ каде се случил инцидентот изјавила на медиумите дека повикала полиција откако две наставнички, но и група непознати луѓе се шетале низ училишниот двор и попречувале други наставници да влегуваат во школо, како и гласно негодувале поради новите мерки. Прва што не сакала да покаже било каков документ од трите предвидени била наставничката која предава веронаука, но во друг училишен објект.
-Очекувавме дека и денеска ќе има инциденти, ама ни на крај памет ми беше дека состојбата ќе заврши со апсење, истакнала директорката Ериќ.
