Свет

Белорусија заради „непланирани поправки” најмалку 3 дена ќе ја запре доставата на руската нафта во ЕУ

Белорусија објави дека „непланирани поправки” се неопходни на нафтоводот „Пријателство” кој ја пренесува руската нафта низ државата до повеќе земји членки на Европската Унија, подвлекувајќи дека поправките ќе траат најмалку 3 дена.

Рускиот енергетски гигант „Транснефт” потврди дека доставата на очекуваните количини би можела да биде нарушена на краток рок а од властите во Минск биле информирани дека поправките треба да завршат до викендот.

Овој нафтовод ги поврзува нафтените полиња во Централна Русија со потрошувачите во Полска, Унгарија, Чешка и Германија.

Оваа вест за наводните „непланирани поправки” следува само неколку дена откако белорускиот лидер Александер Лукашенко се закани дека неговата држава би можела да го запре дотурот на рускиот гас за европските потрошувачи како одговор на влошувањето на ситуацијата со мигрантите на границата со Полска.

Илјадници бегалци се сместени во импровизирани кампови по должина на границата со Полска а Европската Унија го обвини Лукашенко дека ги користи мигрантите како одмазда за европските санкции против неговата земја.

Заканата на Лукашенко дека би го блокирал рускиот гас кој од Сибир се пренесува до Германија и други ЕУ земји, беше критикувана и од рускиот претседател Владимир Путин, кој оцени дека ништо добро не може да произлезе од таквата одлука.

Тоа би претставувало и прекршување на нашиот договор за транзит на гасот и јас секако се надевам дека тоа нема да се случи, му порача Путин на Лукашенко.

Пред 2 дена, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, побара од членките на ЕУ да одобрат нови санкции против Белорусија заради како што рече “хибридниот напад” против Унијата.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе