Свет

Полска смета дека офицери од белоруските служби учествувале во нападот по границата

Главниот командант на полската полиција Јарослав Шимичик смета дека во планирањето и нападот на мигрантите на границата активно учествувале полицајци од белоруските служби. Во интервју за локална телевизија, тој рече дека доказ за тоа е фактот што бегалците имале шок гранати и солзавец.

Според него, не е случајно што децата прво се појавуваат, а потоа исчезнуваат. Шимичик истакнува дека набљудувајќи го однесувањето на луѓето кои фрлале камења, се чини дека тие се добро обучени и имаат искуство во разни судири. Командантот смета дека тие биле обучени во Белорусија, а меѓу најагресивните биле офицери од белоруските служби.

Јарослав Шимичик, исто така, истакна дека многу од напаѓачите носеле маски, што ја оневозможува нивната идентификација. Тој рече дека полското обвинителство покренало истрага за нападот на границата. Во моментов се врши увид и се прибираат физички докази. Како резултат на нападот повредени се 12 лица, меѓу кои девет полицајци

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе