Економија

РЕК Битола никако да почне да произведува струја со полн капацитет

Кога ќе биде ставен во функција Блок 3 во РЕК Битола и кога комбинатот ќе произведува струја со полн капацитет од надлежните одговор нема. Десет дена по хаваријата на трансформаторот на Блок 3 и пожарот во кој се уништени два изолатори нема официјална информација што е причината за хаваријата и колку време ќе трае поправката.

Привичните информации се дека станува збор за висок напон во мрежата, истата причина поради која во август годинава се случи хаварија на истиот Блок.

Хаваријата на трансформаторот предизвика домино ефект бидејќи сега виси тендерот за набавка на 900 илјади тони јаглен кои беа наменети исклучиво за Блок 3 и со кои тој требаше да работи до крајот на сезоната. Повеќе од јасно е дека таа количина не е потребна. Од ЕСМ соопштија дека добиените понуди се на техничка евалуација и најавија дека до крајот на минатата недела ќе соопштат која фирма е победник но и тоа не се случи.

Од ЕСМ сеуште нема официјална информација и околу тендерот со јаглен за ТЕЦ Осломеј, односно кои се фирмите и за која цена треба да достават околу 130 илјади тони со што, како што надлежните најавуваат, овој капацитет ќе стартува со работа и ќе почне да произведува струја од 1 декември.

Рестартирањето на ТЕЦ Неготино за кое домашните и странските експерти тврдат дека е неопходно е неизвесно.

Раководството на термоелектраната ги направите неопходните подготовки и т.н. „сув старт“, двата блока со капацитет од 180 мегавати се исправни но проблемот е што во термоелектраната има залихи од мазут за само неколку дена работа па затоа треба да се пресече дали ќе има увоз или пак ќе се достави мазут од државните резерви.

Владата прогласи кризна состојба и одвои 65 милиони евра за ЕСМ и МЕПСО за увоз на струја со која ќе се покрие дефицитот во производството.

Иако засега нема конкретни информации повеќе од јано е дека од јануари ќе поскапи цената на струјата за домаќинствата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе