Блок 1 во РЕК Битола, синоќа, бил плански изгасен за да се изврши техничка ревизија на работењето а не поради дефект, информираат од ЕСМ. Според надлежните блокот бил исклучен во период кога има намален конзум на струјата – околу 3 часот и потрошувачката може да ја покрие Блок 2.
За ревизијата на Блок 1 информираат дека е редовна постапка која се прваи по потреба- неделно или месечно.
Од ЕСМ додаваат дека во текот на денот Блок 1, додека котлите сеуште ја имаат потребната температура, ќе биде повторно пуштен во погон и вклучен на мрежата.