Бомбаш самубиец беше спречен од таксист да излезе од возилото и да предизвика голема трагедија активирајќи го експлозивот.
Автомобилот експлодирал пред вратите на една болница во Ливерпул, загина бомбашот самоубиец, а таксистот бил извлечен во последен момент.
На снимката се гледа како такси возило влегува на паркингот на болницата и експлодира во моментот на паркирање.
По се изгледа дека 45-годишниот такси возач Пери, бил заложник на бомбашите и дека им дал знак на граѓаните да не се приближуваат кон автомобилот, бидејќи на видеото се гледа како само неколку секунди по експлозијата, маж притрчал до возилото и го извлекол.
Според неофицијални информации, таксистот всушност го заклучил убиецот во автомобилот по цена на сопствениот живот и на тој начин го спречил да влезе во болницата и да ја активира бомбата.
