Денеска почнува собраниската расправа по Предлог-буџетот за 2022 година. ВМРО-ДПМНЕ со околу 200 амандмани ќе бара корекции во трошењето на народните пари. Од СДСМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да го почитува договореното и комисисјата расправа да почне денеска. ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира во Собранието донесувањето на буџетот за наредната година, изјави Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски за Телма вели дека и покрај политичката криза и битката за парламентарно мнозинство тие ќе го поддржат дури и на пленарна седница, бидејќи е важен документ за граѓаните. Комисија за финансирање и буџет е без претседател откако Тимчо Муцунски стана градоначалник, па собранискиот спикер Талат Џафери ја назначи заменичката Марија Петрушевска, да ја води комисијата.
ВМРО-ДПМНЕ со околу 200 амандмани ќе бара корекции во трошењето на народните пари
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.