Економија

ЕСМ ќе набавува помала количина јаглен од предвидените 900 илјади тони

Ад ЕСМ ќе купува помала количина јаглен од предвидените 900 илјади тони за РЕК Битола затоа што третиот блок не е во производство веќе една недела заради пожар на трансформаторот, дознава Телма.

Неизвесно е кога овој термо блок ќе се врати во производство а се претпоставува дека санацијата ќе трае два месеци.

Според нашите информации, сега ЕСМ прави пресметки колкава количина на јаглен ќе се набави за пократок период, согласно новата состојба во комбинатот.

За домаќинствата се произведува електрична енергија од сопствениот ископ на јаглен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битиќи: Ребалансот на буџетот е розев само за владата

Дејан Дејан

Расправа за ребеланс на буџет

Дејан Дејан

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе