Економија

МЕПСО како неосновани и тенденциозни ги отфрли обвиненијата на ВМРО-ДПМНЕ

МЕПСО како неосновано и тенденциозно го отфрли обвинението на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа компанија троши 125 илјади евра за авиобилети.

Според компанијата, станува збор за тригодишен рамковен договор, со важност до 2024-тата година, кој ќе се однесува за патувањата што ќе се реализираат во тој период.

“Во оваа прилика сакаме да и појасниме на партијата ВМРО ДПМНЕ дека ваков договор за набавка на авио билети не се потпишува затоа што некој решил да шета, туку исклучиво за стручните луѓе од компанијата кои учествуваат на фабрички прием и тестирање на опрема која ќе биде вградена во капиталните инвестиции кои ги изведува нашата компанија од типот на интерконекцијата Македонија-Албанија и реконструкцијата на далекуводите, како и за учество на седниците на комитетите на ЕНТСО-е (Европска мрежа на преносни систем оператори на електрична енергија). Овој вид тестирања на опремата се врши во земјите на производство на опремата  и средствата за реализација на овие патувања се планирани според потребите и инвестициските планови на АД МЕПСО.” – соопштија од компанијата.

Од МЕПСО побараа ВМРО-ДПМНЕ да се извини за обвинението, додавајќи дека нивниот тим ќе преземе соодветни правни мерки во интерес на заштитата на угледот и реномето на компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе