Вести Свет

Во Камбоџа седум лица починаа од консумирање алкохол за дезинфекција

Министерството за здравство на Камбоџа денеска соопшти Ѝ ека седум работници починале откако испиле алкохол наменет за дезинфекција, кој го помешале со вода и безалкохолни пијалаци.

Работниците се вратиле од Тајван и биле ставени во карантин поради епидемијата на коронавирусот, соопшти Министерството.

Се додава дека поради труење во болница се префрлени 12 работници. Пациентите се жалеле на главоболка, вртоглавица и отежнато дишење.

Експертите зеле примероци од пијалакот и ги однеле на анализа во лабораторија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Дејан Дејан

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе