Денеска во Бугарија е ден за размислување и не се дозволува водење изборна кампања,.
Според Изборниот законик, до крајот на изборниот ден не е дозволено објавување податоци од анкети, како и излезни анкети за резултатите и ставовите на гласачите за поддршка на одредена партија или коалиција.
Забраната се однесува и на профилите на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер, Вибер, Јутјуб и други даватели на медиумски услуги во земјата. По втор пат во историјата, изборите во Бугарија ќе се одржат целосно на машини, според измените во Изборниот законик, кои беа усвоени во краткото 45-то Народно собрание.
