Прогласена е кризна енергетска состојба. Владата ќе даде пари за да се стабилизираат енергетските компании, на кои им се заканува неликвидност.
Министерот Бектеши тврди дека рестрикции на струја, нема да има.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е на ставот дека дека Македонија е во енергетски колапс, кој ќе го плаќаат граѓаните.
Синоќа во Топ тема на Телна гостуваа Директорите на МЕПСО и на ЕСМ, Куштрим Рамадани и Васко Ковачевски, кои велат дека не чувствуваат одговорност за енергетската криза.












