Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комшиќ го напушти интервјуто со Танјуг, откако новинарот одби да го признае геноцидот во Сребреница

/

Свет

Сподели преку :

Претседавачот со претседателството на БИХ, Жељко Комшиќ го напушти интервјуто со Танјуг, откако новинарот на спрската државна новинска агенција рече дека не ја признава пресудата за геноцид во Сребреница.

Во еден момент од интервјуто Комшиќ посочува на пресудата а новинарот посочува дека тоа е констатација, со која тој не се согласува.

„Зошто не сакате да се согласите?“ го прашува Комшиќ, додека новинарот се обиде да се огради посочувајќи дека не е важен неговиот став за тоа прашање. Но Претседавачот со претседателството на БИХ инсистира и повторно му го поставува прашањето, на што тој одговара дека се согласува дека во Сребреница бил извршен страшно злосторство.

Не! Извршен е геноцид. Така пишува во пресудата на Меѓународниот суд. Геноцид, а не страшно злосторство. Страшни беа некои други злосторства, ова е геноцид. Тоа не е мој став, тоа го пишува во пресудите, вели Комшиќ.

Ако не се согалсувате со таа пресуда, тогаш ќе морате со некој друг да го правите ова интервју, вели видно револтираниот Комшиќ, кој сам си го извади микрофонот и го напушти интервјуто.