Вести Свет

Полска го блокира „масовниот обид“ на мигрантите да ја пробијат границата со Белорусија

Стотици мигранти се собираат на границата помеѓу Белорусија и Полска со цел илегално да влезат во земјата. Полското министерство за внатрешни работи соопшти дека успеале да го спречат првиот масовен обид за пробивање на границата.

Многу од мигрантите кои бараат влез во Полска очајно бегаат од војната и од сиромаштијата од земјите на Блискиот Исток. Белорусија одбива да им дозволи да се вратат во Минск и да летаат дома, додека Полска не ги пушта да преминат и да поднесат барања за азил.

Портпаролот на Европската комисија Адалберт Ханц изјави дека Европската Унија нема да дозволи дестабилизација користење на луѓето како пиони за политички цели.

Меѓународната заедница ги осуди новонастанатите случувања на полската граница и се закани со воведување на нови санкции.

Европската унија соопшти дека белорускиот претседател Александар Лукашенко го охрабрил протокот на мигранти како одмазда за постоечките санкции на ЕУ воведени поради нејзината лоша историја на човековите права.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во понеделник повика на нови санкции.

Белорусија мора да престане да ги загрозува животите на луѓето. Повикувам да се одобрат проширени санкции, можни санкции за вклучени авиокомпании од трети земја. Сакаме да спречиме хуманитарна криза и да обезбедиме безбедно враќање, напиша фон дер Лајен на Твитер. 

НАТО го обвини Минск, обвинувајќи ја тамошната влада дека ги користи мигрантите како политички пиони. Од Американскиот Стејт департмент пак  ја повика Белорусија „веднаш да ја прекине својата кампања за оркестрирање и принудување на нерегуларните мигрантски текови преку нејзините граници во Европа“.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе