Ирачкиот премиер Мустафа ал Казими се извлекол неповреден во нападот со беспилотно летало врз неговата резиденција во Зелената зона во Багдад, соопшти неговиот кабинет.
„Премиерот Ал Казими не е повреден во обидот за атентат со беспилотно летало наполнето со експлозив во ноќта меѓу саботата и неделата“, соопшти неговиот кабинет.
Цел на нападот била резиденцијата на премиерот во Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владини згради и странски амбасади.
Два безбедносни извори претходно за француските медиуми потврдија дека резиденцијата на премиерот била погодена од „ракета“ додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестираа на влезот во Зелената зона против резултатите од предвремените парламентарни избори на 10 октомври.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. САД му понудиле помош на Ирак во истражувањето на обидот за атентат врз премиерот.
Ирачкото МВР соопшти дека се уништени две беспилотни летала, а други детали не објавува.

Секретарот на иранскиот Висок совет на националната безбедност, Али Шамхани, денеска изјави дека нападот со дрон врз резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, е инцицијатива за бунтот поврзан со странски тинк-тенкови.
Шамхани на Твитер соопшти дека „обидот за убиство на ирачкиот премиер е нов поттик на бунт, што може да се поврзе со странски тинк-тенкови (мозочни трустови), да донесе само неизвесност, раздор и нестабилност за потчинетиот ирачки народ, а кои со години создаваат и поддржуваат терористички групи и ја окупираат оваа земја”.
