Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петта последователна пол позиција за Бањаја

/

Останато

Сподели преку :

Мотоциклистот на Дукати, Франческо Бањаја продолжува со доминацијата во квалификациите пред трките од Светскиот шампионат во Мото ГП.

Италијанецот по петти пат сезонава имаше најдобро постигнување и утрешната трка за Големата награда на Португалија ќе ја почне од првиот ред. Бањаја до петтата последователна пол позиција стигна со нов рекорд на патеката и за само една десетинка беше побрз од тимскиот колегаЏек Милер.

Третото место му припадна на Жоан Мир додека од вториот ред трката ќе ја почнат Жорж Мартин, Жоан Зарко и Пол Еспаргаро.