Вести Свет

Короната не се смирува – во регионот се појави и делта плус сој

Епидемиолошката ситуација со корона вирусот во Европа и регионот е неповолна, предупредуваат докторите, а новиот делта плус сој веќе почна да циркулира и од тоа нема бегање, само е прашање на време кога вирусолозите ќе објават. Станува збор за позарзна варијанта од делта сојот, иако не предизвикува потешка клиничка слика.

Она што знаеме за делта плус сојот е дека тој мутирал на спајкот – делот каде тој влегува во клетките, тоа е многу позаразна форма на вирусот. Веројатно стигнал и во Србија, само то секвенционирањето на геномот во Србија во процентот кој се работи се уште не го изолирал вирусот. Но вирусот е позаразен, но слична клиничка слика, но со оглед што е позаразен ќе предизвика поголем број заболени на дневна основа, а со тоа и потешка клиничка слика, вели Иво Удовичиќ, Директор на воената болница на Карабурма – Белград 

Но она што ги загрижува докторите во Србија е бројот на невакцинирани болни, кои повеќе му веруваат на лекот ивермектин, кој го пијат во домашни услови, и во болница доаѓаат во многу лоша состојба. Ивермектинот не е препорачан во ниту еден протокол за лечење на ковид. Лекот се користи во ветерината и не е наменет за хумана употреба.

Бројот на новоинфицирани во земјите од регионот речиси секојдневно е над шест илјади. Словенечката влада денеска одлучи земјата да не оди во карантин, но од понеделник го скратува работното време на кафулињата, а сертификатот за вакцинација ќе треба да го покажат и младите од 12 години. Хрватска денеска бележи рекорд од 7000 нови болни, исто и Австрија со речиси 10 илјади, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Битката со болеста дневно ја губат по 60 луѓе во просек, а 85% од нив се невакцинирани. Многумина од пациентите по излегувањето од болница брзаат да се имунизираат и покрај тоа што ја прележаел болеста. Стравот од реинфекција е поголем.

Само кога ќе ја почувствувате болеста на своја кожа, тогаш сфаќате колку е опасен вирусот. Се шири неверојатно брзо и во рок од 2-3 дена доаѓа до смртен исход. По сериозни разговори со докторите, сега сфаќам дека штом излезам од тука ќе се вакцинирам, мислам дека е добра работа, вели 43-годишниот пациент РАЈКО МИЛУНОВИЌ, од Сараево

Она на што апелираат лекарите е да не се вакцинираме бесконечно, но да се аправи примарната работа, да се примат двете дози. Охрабруваат последните вести од компанијата Фајзер, а тоа е нивниот антивирусен лек за лечење ковид, која според истражувањата ја намалува хоспитализацијата и смртниот исход за 89%.

 

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе