По синоќешниот пожар во РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија во земјава повторно произведува струја , но само со третина од капацитетот. На мрежа е вклучен првиот блок, додека третиот е надвор од производство, откако синоќа еден час пред полноќ пожар го зафати надворешнито трансформатор, а од безбедносни причини заштитата го исклучи и другиот блок. Нема повредени ниту жртви во оваа хаварија во РЕК Битола.
Сеуште не се знаат причините з апожарот, противпожарните екипи брзо го изгаснаа и нема повредени во оваа хаварија во РЕК Битола.
Од Државните електрани велат дека нема дополнителни хаварсиски оштетување, а се истражуваат причините за пожарот.
Локацијата е обезбедена и екипи на АД ЕСМ и на надлежните служби ќе ги истражуваат причините за настанот. АД ЕСМ најостро ги демантира сите шпекулации за наводно нестручно и несовесно работење и оперирање, со оглед на тоа што се работи за процес на производство со опрема стара над 40 години. За компанијата е најважно што нема повредени лица во при настанувањето на пожарот и неговото санирање, се наведува во соопштението од АД ЕСМ
Од компанијата наведуваат дека за помалку од еден час Блок 1 беше рестартиран и вратен на мрежа, а од денеска во утринските часови работи со полн капацитет. Вториот блок беше во редовен сервис и требаше да биде пуштен во погон со јагленот кој РЕК Битола го набавиува за производство на струја, но ќе биде приклучен веќе од следната недела.
ТЕЦ Осломеј е исто така се подготвува за прозиводство на струја од декември, со 300 илјади тони набавен јаглен. Останатите капацитети на Државните електрани- хидроелектраните, гасната електрана и ветерниот парк Богданци се во функција, информираат од ЕСМ.
Емилија Мисирлиевски