Четиригодишната Клео Смит која исчезна пред 18 дена во Западна Австралија, беше пронајдена заклучена во куќа здрава и жива. Киднаперот бил уапсен.
Клео Смит исчезна на 16 октомври од шаторот на нејзиното семејство во кого кампувале во близина на градот Карнарвон.
Полицијата упаднала во куќа во Карнарвон и таму ја нашла малата Клео.
The miracle we all hoped for. ❤️ pic.twitter.com/zOd5WDTA1A
— WA Police Force (@WA_Police) November 3, 2021
„Еден од полицајците ја зеде во раце и ја праша како се вика. „Се викам Клео“, одговори таа“, изјави заменик-началникот на полицијата на државата Западна Австралија.
Клео последен пат беше видена во шаторот на нејзиното семејство околу 1:30 часот по локално време на 16 октомври.
Австралиската полиција стравуваше дека девојчето е киднапирано и понуди милион австралиски долари било каква информација.
„Каков прекрасен ден, ја вративме Клео кај нејзините родители. Ова е прекрасен ден за ова мало девојче и нејзиното прекрасно семејство“, изјави директорот на полицијата во Западна Австралија, Крис Досон на прес-конференција.
The moment Cleo was rescued 👏 pic.twitter.com/arusYi9kCa
— WA Police Force (@WA_Police) November 3, 2021
На случајот работеше тим од 140 луѓе, а полицијата реагираше на повеќе од 1.000 пријави од граѓани.
Австралискиот премиер Скот Морисон, исто така, ја поздрави „прекрасната, олеснувачка вест“.
„Клео Смит е пронајдена. Таа е дома, здрава и безбедна. Нашите молитви се одговорени“, напиша Морисон на Твитер.
