Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американскиот републиканец Јангкин победи на изборите за гувернер на Вирџинија

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот републикански кандидат Глен Јангкин е избран за нов гувернер на Вирџинија, покажуваат неофицијалните резултати.

Според Одделот за избори во Вирџинија, Јангкин добил 50,98 отсто од гласовите додека кандидатот на демократите, поранешниот гувернер Тери Мекалиф, добил 48,25 отсто.

Во трката беше и независната кандидатка Блендинг, која доби само 0,7% од гласовите.

Официјалните резултати ќе бидат потврдени на 15 ноември, а новиот гувернер ќе положи заклетва на 1 јануари 2022 година.