Свет

Фејсбук го укинува системот за препознавање лица

Фејсбук денеска соопшти дека го укинува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, наведувајќи ја зголемената загриженост за употребата на таквата технологија.

– Регулаторите сè уште се во процес на давање јасни правила со кои се регулира употребата на таа технологија, напиша на блог Џером Песенти, потпретседател на Фејсбук задолжен за вештачка интелигенција. „Поради оваа постојана неизвесност, веруваме дека е соодветно ограничувањето на употребата на препознавање на лица“.

Компанијата, која минатата недела го смени своето име во Мета платформи, соопшти дека повеќе од една третина од дневните активни корисници на Фејсбук ја вклучиле поставката за препознавање лица, а промената сега ќе ги избрише „шаблоните за препознавање лице“ на повеќе од милијарда луѓе.

Отстранувањето ќе биде глобално и се очекува да биде завршено до декември, изјави портпарол на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран – Трамп најави блокада на иранскиот сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе