Владата на 116-тата редовна седница, што се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.
Како што стои на веб страницата на Владата, поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентција.
Усвоениот Предлог-буџет, заедно со утврдениот Предлог-закон за извршување на Буџетот за 2022 година, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.