Вести Свет

Фејсбук се ребрендираше во Мета

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг објави дека американскиот интернет гигант Фејсбук е преименуван во Мета.

Промената на името ќе ја опфати само матичната компанија, додека социјалните медиуми и комуникациските апликации како Фејсбук, Инстаграм и Вотсап ќе ги задржат своите имиња.

Закерберг истакна дека новото име на компанијата е избрано за да послужи за во преден план создавањето на мета-универзумот, односно виртуелен свет кој ќе биде достапен колективно.

Изградбата на нашите апликации за социјални медиуми секогаш ќе биде важен фокус за нас. Но, во моментов, нашиот бренд е толку цврсто поврзан со еден производ, што не може да претставува сè што правиме денес, а камоли во иднина.

Закерберг го опиша метаверсот како „виртуелна средина“ во која можете да влезете, наместо само да гледате на екранот.

Во суштина, тоа е свет на бескрајни, меѓусебно поврзани виртуелни заедници каде што луѓето можат да се среќаваат, работат и играат, користејќи слушалки за виртуелна реалност, очила за проширена реалност, апликации за паметни телефони или други уреди.

Закерберг очекува метаверзумот да достигне милијарда луѓе во следната деценија.

Најавата за промена на името доаѓа во време на егзистенцијална криза за Фејсбук по серијата негативни приказни засновани врз документи што ги објави  Френсис Хауген поранешна вработена во компанијата, за што сведочеше и во американскиот Конгрес.

Фејсбук ги игнорирал или минимизирал внатрешните предупредувања за негативните и често штетни последици што неговите алгоритми ги предизвикувале низ светот.

Во 2015 вакво ребрендирање направи и „Гугл“, кога го промени името на компанијата во „Алфабет“, кое, сепак, не заживеа во јавноста.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе