Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ги повика светските лидери, кои в недела ќе се соберат во Глазгов на Самитот за климата СОР26, да донесат итни и ефикасни одговори на еколошката криза.
-Политичките носители на одлуки кои ќе се состанат на COP26 во Глазгов итно се повикани да дадат ефикасни одговори на актуелната еколошка криза и на тој начин да понудат конкретна надеж за идните генерации, рече папата.
Папата Франциск предупреди на „невидената закана од климатските промени за заедничкиот дом на човештвото“.
Самитот за климата во Глазгов ќе трае до 12 ноември.
Папата денеска ќе го прими американскиот претседател Џо Бајден, кој престојува во Рим, каде денеска и утре се одржуваат средби на претставници на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и земјите во развој – Г20.
