Вести Свет

Трамп револтиран поради тоа што во американскиот пасош бил впишан „Х“ за пол

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази револт поради издавањето на првиот американски пасош со „Х“ за третиот пол.

Претходно Стејт департментот го објави првиот пасош издаден во САД со трет пол – наместо машки или женски, во соодветната колона стои ознаката „Х“. Американските власти очекуваат до почетокот на 2022 година да ги ажурираат процедурите и обрасците, по што секој кој сака ќе може да добие пасош со таква ознака.

„Дали ова навистина и се случува на нашата земја?“, напиша Трамп на својот профил на Телеграм, коментирајќи ја објавата на еден од медиумите на оваа тема.

Досега, од американските граѓани се бараше медицински сертификат од лекар за да наведат пол различен од тој во изводот на родените.

Третиот пол фигурира на пасошите на неколку земји, меѓу кои Австралија, Индија, Канада, Малта, Непал и Нов Зеланд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе