Свет Топ вести

Авганистанките на протест бараат права, Барадар пристигна во земјата

Три дена откако талибанците ја презедоа власта во Кабул, со барање за учество во управувањето, во политиката и во економија Авганистанките во северниот дел на престолнината излегоа на протест.

Портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид, на вчерашната прес- конференција рече дека правата на жените ќе се почитуваат во рамките на шеријатскиот закон. Но, Авганистанците се скептични, бидејќи се сеќаваат на предходно владеење пред две децении кога жените беа затворени во своите домови, телевизијата и музиката беа забранети, а осомничените криминалци беа камшикувани, осакатени или погубени пред очите на јавноста. Во Кабул талибанците, кои ветија општа амнестија, распоредија бројни контролни пунктови за да ја обезбедат „зелената зона“, која е безбеден премин кон аеродромот на цивилите кои сакаат да го напуштат Авганистан.

-Ние сме 24 часа на служба во Областа 10 за да ги заштитиме животите и имотот на нашите луѓе. Ќе се потрудиме нашите луѓе да бидат среќни и се обидуваме да ги спречиме оние кои сакаат да ги вознемируваат и да го ограбуваат нашиот народ- Тајеб, талибански командант .

Огромен е бројот на Авганистанци кои очајно се обидуваат да полетаат од аеродромот во Кабул, каде настана целосен хаос. Некои од нив за кои немаше место во авионите се качија дури на покривот на леталото.

Синоќа во Авганистан по изминати две децении пристигна и ко-основач и политички лидер на Талибанците, Абдул Гани Барадар. Тој им се придружи на борбата на муџахедините против Советите во 80 -тите, а поради неговата бруталност, го викаат „касап“.

Со истрели во воздух талибанските борци денеска ги смируваа демонтрациите во источниот авганистански град Алалабад, кои со дигнато национално знаме излегоа на анти-талибански протести.

Но не е мал бројот на познавачите на состојбите во Авганистан кои го делат ставот дека светот треба да им даде простор на талибанците да формираат нова влада и дека овие не се исти како оние во 90-тите.

Во Кандахар авганистанските работници започнаа со обнова на оштетениот пат кон води кон Херат, а гувернерот на Централната банка на Авганистан, изјави дека во земјата нема готовина, но има околу девет милијарди долари резерви во странство.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Американскиот претседател Трамп најави нови тарифи

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе