Свет

Авганистан рекордно го снижи рејтингот на Бајден

Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден падна на рекордно ниско ниво од 46 отсто, откако радикалните талибанци го прездоа Авганистан. Тоа го покажува анкетата на Ројтерс.

Ова е најниската оценка за работата на Бајден за целиот период од неговиот досегашен мандат како шеф на државата.

За само една недела, рејтингот на поддршката на претседателот се намали за 7 отсто, што е исто така рекорден пад.

Возрасни граѓани учествуваа во анкетата на Ројтерс. Бројот на испитаници не е наведен. Исто така, не се дадени информации за статистичка грешка.

По повлекувањето на поголемиот дел од западниот воен контингент од Авганистан, талибанците започнаа голема операција за да ја добијат контролата врз земјата. Борците од движењето влегоа во Кабул на 15 август без борба и во рок од неколку часа воспоставија целосна контрола над авганистанскиот главен град. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека поднесува оставка за да спречи крвопролевање и ја напушти земјата. Влијателните локални политичари Хамид Карзаи, Абдула Абдула и Гулбедин Хекматијар формираа Координативен совет за мирен трансфер на власта од претходната влада на талибанците. Западните земји ги евакуираат своите граѓани и вработените во амбасадите од земјата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американскиот претседател Трамп најави нови тарифи

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе