Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео | Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни – Временска прогноза за 28.11.2026

/

Временска прогноза

Сподели преку :

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Информација од ова утро 27.11.2026
Утринска температура измерена во 7 часот (во °C)

2 Попова Шапка, 3 Тетово, 5 Крушево, Маврови Анови, 6 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Берово, Струмица, Лазарополе, 7 Крива Паланка, Кавадарци, 8 Охрид, Претор, Битола, Велес, 9 Виница, Гевгелија, 11 Штип, 12 Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
24 Лазарополе, 22 Пожаране, 18 Маврови Анови, 14 Попова Шапка, 12 Тетово, 8 Претор, 7 Крушево, 6 Охрид, Битола, 2 Тополчани, 1 Прилеп, Берово, Велес.