Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Настап на Азески на инвестициската конференција „ЕУ – Западен Балкан“

/

Економија

Сподели преку :

Денеска во Тирана се одржува Лидерскиот самит. Нашиот апел до вас, како министри, е на состанокот да ја пренесете пораката на реалниот сектор јасно и недвосмислено: приватниот сектор е подготвен да инвестира, да се прилагодува и да го понесе товарот на економската интеграција, но владите мора да ја испорачаат регулативата и инфраструктурата, изјави в.д. претседателот на Коморскиот инвестициски форум – КИФ и претседател на Стопанската комора Бранко Азески.

Поминаа три години од воведувањето на Планот за раст. Коморскиот инвестициски форум од првиот ден го поддржува овој инструмент, бидејќи тој ја менува логиката на процесот: реформите конечно се поврзуваат со директен пристап до Единствениот пазар на Европската Унија и со конкретна финансиска поддршка. Тоа е пристап што бизнисот го разбира и го поздравува, вели Азески. Сепак остануваат отворени повеќе прашања за кои бизнисот во регионот на Западен Балкан бара решение.

• Прво, проблемот со тарифните квоти на ЕУ за челик. Претставува сериозна закана за производителите и извозниците, бидејќи ограничениот обем на бесцарински извоз и примената на дополнителна царина по исцрпувањето на квотите ја доведуваат во прашање конкурентноста на компаниите на нивниот најважен извозен пазар, што може да предизвика пренасочување на нарачките кон конкурентите, намалување на извозот и производството, како и негативни ефекти врз инвестициите и работните места.
• Второ, границите и транспортот. Зелените ленти и спогодбите за граничните премини мора да станат реалност 24 часа на ден, седум дена во неделата. Автопатот на единствениот пазар нема да има смисла ако камионите со стока и понатаму чекаат со часови на границите. Секој изгубен час на граница е директна загуба на профит и конкурентност.
• Трето, стандардите и зелената транзиција. Усогласувањето со индустриските стандарди и склучувањето на спогодбите за оцена на сообразноста (ACAA) се неопходни за нашите производи да влегуваат на европскиот пазар без двојни контроли и дополнителни трошоци. Истовремено, примената на механизмот за јаглеродно прилагодување на границите (ЦеБАМ) и интегрирањето на енергетските пазари бараат итна и координирана поддршка, за да не доживеат нашите извозници ценовен шок.
• Четврто, дигитализацијата и капиталот. Иницијативите како „Роаминг како дома“, дигиталните иновациски хабови и најавениот Фонд за забрзан раст на Западен Балкан се вистинскиот правец. Но, пристапот до тие финансиски инструменти мора да биде ослободен од сложени бирократски процедури, за да стигне до малите и средните претпријатија кои се столбот на нашите економии.

Кога ќе ги погледнеме бројките и состојбата на терен, мораме да бидеме искрени. Процесот на економска конвергенција сè уште се соочува со истите стари тесни грла. За компаниите, точките за кои дискутирате денес не се административни поглавја, туку директен услов за опстанок и конкурентност, констатираше Азески.