Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

фото| Божиќната магија ги осветлува светските метрополи

/

Магазин

Сподели преку :

Празничната атмосфера полека го освојува светот, а божиќните елки, светилки и украси веќе ги разубавуваат најпознатите градови.

Во Париз, актерката Кејт Бланшет и градоначалникот Емануел Грегоар го означија почетокот на празничното осветлување на авенијата Шанзелизе, додека во Мадрид повеќе од 14 милиони ЛЕД-светилки ќе ги осветлуваат улиците до 6 јануари.

Божиќната елка пристигна и во Белата куќа во Вашингтон. Празничните подготовки се во тек и на други познати локации.

Во Ватикан беше поставена 25-метарска сребрена елка на плоштадот „Свети Петар“, додека пред американскиот Капитол беше поставена елка висока 23 метри, донесена од сојузната држава Ајдахо.

Сепак, подготовките не поминуваат без предизвици. Сушата во Чешка го намали овогодишниот улов на крап, традиционално јадење за Божиќ, за околу 10 до 20 проценти.

На бугарското Црноморје, пак, беше отворен контејнер исфрлен на брегот кај Царево, во кој беа пронајдени повеќе од 80 кутии со божиќни украси и декорации.