Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Естонија ги затвора сите копнени гранични премини со Русија

/

Свет

Сподели преку :

Естонија од 1 декември ќе ги затвори сите пет копнени гранични премини со Русија, повикувајќи се на безбедносни причини и сомневања за активности на руските разузнавачки служби.
Одлуката доаѓа по неколку инциденти и напади врз компании од естонската одбранбена индустрија, за кои властите во Талин ја обвинуваат Москва.

Најголем дел од последиците ќе ги почувствуваат жителите на пограничниот град Нарва, каде што се создадоа долги редици од луѓе кои сакаат да ја преминат границата пред затворањето… Мерката ќе го отежне одржувањето на семејните контакти, но и ќе влијае врз локалната економија, особено врз хотелите и рестораните кои зависат од посетителите од Русија. Естонскиот министер за внатрешни работи Игор Таро изјави дека целта е да се спречат разузнавачките активности на Русија и да се зајакне безбедноста на земјата и Европа.

Москва ги отфрли обвинувањата за саботажи, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, најави политички и дипломатски контрамерки доколку Талин ја спроведе одлуката.