Лидерите на Европската Унија не успеаја да постигнат договор за следниот долгорочен буџет на Унијата по разговорите одржани во Брисел, при што останаа несогласувањата околу вкупниот обем на буџетот, приоритетите за финансирање и новите извори на приходи.
Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, изјави дека дискусиите се фокусирале на три главни прашања: Вкупниот обем на буџетот, распределбата на ресурсите меѓу различните приоритети и предложениот пакет на нови извори на приходи.
Повеќето се спротивставија на дополнителни кратења, а некои дури предложија и враќање на одредени кратења особено во делот на кохезијата.
Што се однесува до распределбата меѓу различните приоритети, големо мнозинство земји-членки побараа да не се намалуваат средствата за земјоделството и кохезијата конечно, ќе продолжимеда работиме на прашањето за новите сопствени ресурси.












