Свет Топ вести

Хамид Карзаи повика на мировни преговори- талибанците најавија Исламски Емират на Авганистан

Претставник на талибанците денеска нагласи дека наскоро од претседателската палата во Кабул ќе објават создавање Исламски Емират на Авганистан, јавија американски медиуми.

Тоа беше името на државата под талибанска власт од 1996 до 2001 година.

Во видео обраќање Хамид Карзаи, поранешниот претседател на Авганистан ги повика граѓаните останат мирни, додека траат преговорите со талибанците.

-Мои драги сограѓани на Кабул, јас и моето семејство, моите девојчиња и синови остануваме овде со вас и се надеваме дека проблемите во нашата земја и главниот град ќе бидат решени на мирен начин преку мировни преговори. Апелирам до националните сили и силите на талибанското исламско движење да внимаваат и да ги заштитат животите и имотот на луѓето, каде и да се. Ги молам луѓето да останат дома и бидат мирни. Се обидуваме да разговараме со лидерите на талибанците на мирен, братски и патриотски начин за решавање на проблемите на Авганистан, изјави Хамид Карзаи, поранешен претседател на Авганистан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе